Мозаик 25.10.2018 22:55

Мајкин син или сам свој газда

Мајкин син или сам свој газда

Фотографијата била наменета само за најблиските, но сосем случајно ја објавила јавно.

Мајката одлучи да напише отворено писмо до нејзиниот син и да му препорача дека и преку глава од неговото дрско однесување и непочитување на основните правила на однесување дома.

Самохраната мајка на тринаесетгодишниот Арон рече дека и е доста од сѐ, дека и е доста да биде чергиче пред врата на својот син, кој не почитува апсолутно никакви правила. Постојано ја лажел дека ја напишал домашната задача, и рекол дека таа веќе нема да му биде шеф и дека од сега па натаму сам ќе се издржувал од парите заработени со снимање на YouTube видеа.

Тогаш неговата мајка, која е поранешна жртва на насилство поради што јавноста ја познава под лажното име Estella Havisham, напиша писменце за да му каже што точно мисли за тоа. Фотографијата од писмото беше случајно објавено јавно на Фејсбук, а тоа, се разбира, веднаш стана многу популарно. Денес има речиси 93.000 допаѓања и 14 илјади коментари.

Писмо

Почитуван Аарон,

Бидејќи е очигледно дека си заборавил дека имаш само 13 години и дека ЈАС сум родител и дека повеќе не сакаш да бидеш контролиран, морам да ти дадам лекција за самостојност. Исто така, бидејќи ми рече дека од сега сам ќе заработуваш свои пари, ќе биде многу полесно да ги откупиш сите оние работи што сум ти ги купила до сега. Ако сакаш да имаш светлина и пристап до интернетот, ќе треба да го платиш својот дел од трошоците.

Кирија – $ 430
Струја – 116 $
Интернет – $ 21
Храна – $ 150

Исто така, ќе мора да го фрлаш ѓубрето секој понеделник, среда и петок, како и да ја собереш прашината и да поминеш со правосмукалка, истите овие денови. Мораш да ја одржуваша својата бања и да ја чистиш секоја недела, да се подготвуваш сам јадење и да чистиш сѐ зад себе. Ако тоа не го направиш, ќе ти наплатам 30 $ за секој ден кога јас тоа ќе направам. Ако одлучиш повторно да ми бидеш дете, а не цимер, можеме повторно да ги преговариме условите.

Со љубов, мама

Мајката објавила и објаснување на писмото

Кога сфатила дека фотографијата ја објавила јавно, реши да даде и објаснување за спорното писмо. Кажа дека писмото било наменетоа само за пријателите и семејството, а не за целиот свет.

“Да бидеме сериозни! Мојот 13-годишен син нема да го исфрлам на улица ако не ја плати половината од киријата. Не сакам да ми плаќа ништо. Јас само сакам да го почитува својот дом, својот простор и да го почитува она што го имаме. Му го напишав овој “закон” колку да му биде јасна поентата. Ништо не е бесплатно”, напиша таа.