Мозаик 14.09.2018 18:54

Мајкл Кејн си го промени името

Мајкл Кејн си го промени името

Познатиот британски филмски и театарски актер, Мајкл Кејн откри дека решил да го смени своето име.

– Сега навистина се викам Мајкл Кејн, изјави актерот за британските медиуми.

Веќе 50 години, тој е на сцената или пред камерите и претставува добро познато лице во меѓународната јавност, но малкумина знаат дека вистинското име на актерот е Морис Миклвајт (Maurice Micklewhite).

Ова име се наоѓа на неговиот Извод од матичната книга на родените, а на него е издаден и британскиот пасош, па актерот, многу често, имал проблеми при патувањето низ светот.

Полицајците и имигрантските службеници секаде го препознавале и знаеле дека пред нив стои прославениот Мајкл Кејн, но проблеми настанувале кога на пасошот на актерот ќе забележале друго име.

– Ми здодеа веќе да се расправам по аеродромите низ светот и да ги уверувам пограничните власти дека јас сум истиот и Морис Миклвајт и Мајкл Кејн. Дека едното е моето крстено име, а дека другото е она по кое ме знае целиот свет, објасни актерот.