Економија 26.10.2018 19:17

Мајкрософт во изминатото тримесечие остварил приходи од 29 милијарди долари

Мајкрософт во изминатото тримесечие остварил приходи од 29 милијарди долари

Мајкрософт во изминатото тримесечие оствари приходи од 29 милијарди долари, што е за 19 отсто повеќеотколку во истиот период минатата година. Профитот на сотверскиот џин е зголемен за 34 отсто, најмногу поради „клауд“ работењето.

Спред финансискиот извештај, чистите приходи на Мајкрософт во третиот квартал оваа година се 8,82 милијарди долари додека лани имале 6,58 милијарди.

Силниот раст на финансиските резултати се должи најмногу на продолжувањето на позитивните трендови во „клауд“ работењето на Мајкрософт. Приходите од тоа се зголемени на годишно ниво за 24 отсто на 8,6 милијарди долари. Притоа самоприходите од Азија се зголемени 76 отсто.