Финансии 08.01.2019 13:22

Македонците немаат волја да плаќаат данок

Македонците немаат волја да плаќаат данок

Македонците немаат волја да ги плаќаат даноците и довербата им е многу мала кога станува збор за тоа како јавно се трошат нивните пари. На скалата од 1 до 10 просечната оценка била 3,2 што ја прави земјата најдолнорангирана на првичнообјавената листа што ја објави  Institute of Commons and Esonomics во Базел за потребите на Обединетите нации.

Станува збор за истражување на над 16.000 испитаници од 141 земја. Засега се објавени само резултатите од 14 земји, меѓу кои Македонија е најдолу во рангирањето, додека конечната листа ќе биде објавена во март..

Она што е забележливо е дека и други балкански земји се со слична недоверба во тоа како се трошат нивните пари и не им се плаќаат даноците, а тука се Црна Гора (3,9), Србија (4,1), Албанија (4,5), БИХ (4,7) и изненадувачки Косово со оценка со најголем оптимизам од 5,6.

Германците сенајзадоволни кога плаќаат даноци за финансирање на јавните добра, со најголема измерената вредност од 7,0, а следува Австрија со 6,4. Забележително е тоа што неразвоените азиски земји со многу поголем оптимизам ги плаќаат даноците од балканските, па така таму оценките во Камбоџа (6,7), Бангладеш (5,5), Пакистан (5,2), Авганистан (5,2), Непал (4,9), се повисоки од нашиот регион.

Истражувањето на Институтот во Базел се спроведува последните три години барајќо одговор на прашањето за тоа до кој степен жителите на една земја се подготвени да плаќаат даноци за финансирање на јавните расходи за социјалниот систем, здравствената заштита, јавниот медиумски  сервис и културни организации.

Германската влада во моментов работи на изработка на студии во кои граѓаните на оваа земја треба да се изјаснат дали се задоволни со моменталните даночни стапки. Врз основа на резултатите од тестот министер за финансии и заменик-канцелар Олаф Шолц треба да подготви реформа на германскиот даночен систем.