Актуелно 24.07.2018 14:23

Македонија 2025: За логоа и имиња на брендови треба да одлучуваат само луѓето кои ги поседуваат

Македонија 2025: За логоа и имиња на брендови треба да одлучуваат само луѓето кои ги поседуваат

Веруваме дека за промена на логоа, имиња на брендови итн. треба да одлучуваат само луѓето кои ги поседуваат, и во договорот не треба да се бара нивно менување. Во принцип, ние не ја гледаме потребата од постоењето на заедничка комисија која ќе ја разгледува историјата, археологијата и образованието, вклучувајќи ги и учебниците и мапите, унилатерално насочена кон Македонија. Ова е излишно и непотребно мешање во културните и образовните аспекти на странски ентитет во домашните работи на соседна земја и сметаме дека тоа создава многу негативен историски преседан на светско ниво, стои во соопштението на Македонија 2025 објавено денес во врска со нивното мислење за Преспанскиот договор.

Понатаму, од овој тинк тенк сметаат дека треба да биде дозволено основање на македонски училишта и цркви во Грција.

„Ние веруваме дека ова може да создаде негативни последици. Македонците треба да имаат јасна претстава за тоа што ќе се случи ако договорот не биде одобрен од Грција и која е алтернативата во тој случај, особено ако нема напредок кон целосна интеграција во ЕУ. Засега, ЕУ ја одложи одлуката до 2019 година, многу подоцна од планираниот датум за референдум. Од друга страна пак, како позитивен развој на целата ситуација е неодамнешната покана на НАТО за членство во Алијансата, но крајното членство на Македонија е јасно условено од тоа прво да се исполнат сите услови од договорот.“- стои во соопштението.

Интегралното соопштение е достапно на страницата на Македонија 2025 (http://www.macedonia2025.com/media/single/1185/releases).