Со просечна надморска височина на државата од 832 метри, Република Македонија е петта земја по височина во Европа.
Според конфигурацијата на теренот, западниот дел од земјава е повисок, во просек 935 метри, а источниот е со средна висина од 662 метри над морето. Ова ја вбројува државата во планинско-котлинска земја, со честа смена на планини и котлини.
Причините за таквиот релјеф се сложените геолошки, тектонски и ерозивни процеси кои дејствувале со стотици илјади, па и милиони години.
Инаку, највисока европска држава е Андора. Нејзината просечна височина е 1996 метри. Ја следи Швајцарија со 1305 метри, потоа Црна Гора со 1040 метри и Австрија со просечна надморска височина на државата од 935 метри. Освен Црна Гора, сите останати држави на Балканскиот Полуостров, се просечно значително пониски од Македонија. На пример, соседна Албанија има просечна висина од 708 метри, Грција 505, Бугарија 470 метри, Словенија 557, Босна 670 метри.