Денеска во селото Буларат во близина на албанско-грчката граница беше погребан Константинос Кацифас (35), кој беше убиен од албанската полиција, откако пукал со калашников кон полицајци, кои сакале да тргнат грчко знаме, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
Погребот сепак не помина без политика. Една од главните пароли беше „Македонија е грчка„. Како што известуваа грчките медиуми денови, Кацифас учествувал на протестите за името Македонија.