Според најновите официјални статистички податоци, највисоките просечни плати во регионот се во Словенија и Хрватска, а најниски во Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Според последните статистички податоци од Словенечкиот институт за статистика, просечната месечна нето плата во таа земја во август годинава изнесува 1,082 евра, објави Анадолија.
Во исто време, таа е единствената плата во регионот која надминува износ од 1.000 евра.
По Словенија, следи Хрватска, уште една членка на Европската унија од регионот, каде што во август годинава просечната плата изнесуваше 6,264 куни, или 843 евра. Податоците од Централното биро за статистика на Хрватска покажаа дека просечната месечна исплатена нето плата по вработен за август изнесува 843 евра, што е номинално и реално повеќе за 0,9 проценти во однос на јули 2018 година.
Во Црна Гора пак, каде што, според најновите податоци на Монстат, просечната плата без даноци и придонеси во септември изнесува 512 евра, што е за 0,2 отсто повеќе во однос на август.
Најниските просечни плати во регионот беа забележани во Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.
Според Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, просечната месечна исплатена нето плата по вработен за септември 2018 година изнесува 877 КМ, односно 448 евра, што покажува номинален пораст од 1,7 отсто во однос на декември 2017 година.
Според податоците на Заводот за статистика на Република Србија, просечната заработка без даноци и придонеси (нето) пресметана за август 2018 година изнесува 49.773 динари или 421 евра.
Најновите статистички податоци на Заводот за статистика на Македонија покажаа дека просечната плата во таа земја во август годинава изнесува 24.210 денари или 393 евра.