Институтот „Сиа Виста“ во вторник, со почеток во 12 часот ќе одржи јавна трибина „Македонија: Името е Татковина, а Јазикот душа на Македонците’’.
Трибината ќе се одржи во хотелот Бест Вестерн.
Според најавата, воведни излагања на темата ќе поднесат: Ефтим Клетников, Ристо Никовски, Михајло Миноски, Цветин Чилиманов, Јованка Кепеска, Наташа Котлар, Благој Јанаков, Константин Миноски, Милојка Калкашлиева, Дардан Венетски, Виолета Ачковска, Ламбе Арнаудов и Оливер Андонов.
-Уводничарите ќе изнесат свои погледи и ставови за Договорот за добрососедство со Република Бугарија, Законот за јазици, Спогодбата со Република Грција за промена на името Македонија, Референдумот од 30. Септември 2018 година и Уставните амандмани за промена на Уставот на Република Македонија. На јавната трибина ќе биде емитувана видео порака до Македонците и Македонија од Џејсон Мико, геополитички аналитичар и колумнист. Ќе се прочита и пораката на Бил Николов, Претседател на Македонско меѓународно движење за човекови права, се наведува во соопштението.