Македонија се повеќе ја заобиколуваат инвеститорите , ако Македонија важеше за лидер во регионот во привлекување на инвестиции и странски капитал пред една година сега тоа не е случај.
Имено, последната година Република Македонија бележи катастофални резултати на ова поле. Додека соседните земји како Србија беа значително зад нас моментално Србија е лидер во отврање фабрики и нови работни места. Колку за информација Србија беше една од првите земји кои ја препознаа добрата економска политика на претходната влада и голем дел од политиките кои ги применуваше Македонија во делот на економијата, отворање на технолошко индустриски зони, промена во даночниот систем, и субвенции таа прва ги примени и денеска резултатите се повеќе од очигледни. Србија одамна ја претрка Македонија со резултат од преку 2 милијарди евра странски инвестиции само во 2017 година што е најмногу од сите земји на Балканскиот полуостров.
Официјална е информацијата дека членовите на Собранието на Лесковац донесле одлука за слободен пренос на речиси шест хектари земјиште во Актив Пакард.
Оваа компанија ќе инвестира околу 25 милиони евра во изградбата и опремувањето на фабриката во тој град, а во наредните три години ќе вработи најмалку 2.000 работници.
Делегатите го усвои нацрт-договорот со “Aptiva Пакард” за условите под кои ќе се изгради фабрика за производство на кабли за автомобилската индустрија, како и обврските на градот и државата Србија.
Градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ изјави дека фабриката, чија изградба е веќе започната во Зелената зона во северниот дел на градот, до крајот на годината ќе вработи околу 280 работници, следната година повеќе од 1000, и 2020 година, сите 2.000 работници.
Експертите велат дека лошата политика на новата влада придонесува да инвеститорите не ја перцепираат Македонија како поволна бизнис дестинација. Тие велат дека доколку ваква фабрика која одлучи да вложи во Србија влезе во Македонија во некоја општина која е неразвиена би имала огромно значење за економскиот развој на општината. Ваквите фабрики имаат повеќе кратни директни и индиректни позитивни ефекти врз економијата и развојот на локалните места за живеење. Така фабриката ДрекстерМаер во Кавадарци која врабоува преку 4.000 луѓе ја вброи општината во општина со најмала невработеност во Македонија. Експертите велат дека отсуството на странски капитал негативно се одразува на економојата и на извозот кој дирекно учествува во градењето на БДП и на стандардот на живеење.