Финансии 12.03.2019 13:22

Македонија на дното во Европа по висина на нето плата

Македонија на дното во Европа по висина на нето плата

Наспроти фалбите на министерот за финансии Драган Тевдовски за значително зголемување на месечните примања на македонските работници, Македонија е на неславното 35. место меѓу 39 земји во Европа според просечната нето плата од 372 евра.

Помалку платени од вработените во Македонија на стариот континент се само нивните колеги во Албанија (347 евра), во Белорусија (320), во Молдавија (216) и во Украина (190).

Освен Албанија, пред Македонија во овој поглед се сите земји во регионот: Косово (405 евра), Србија (407), Бугарија (423), Босна и Херцеговина (439), Црна Гора (508), Хрватска (800), Грција (917), Словенија (1.051) итн.

Највисока нето плата се добива во три земји што не се членки на Европска унија, и тоа Швајцарија (4.421 евро), Исланд (3.430) и Норвешка (3.405).

Извор: Експрес