Пари има, луѓе нема. Или поточно нема кадарни вработени во администрацијата кои ќе им овозможат на земјоделците и фирмите од Македонија да ги земат европските пари. На само две години од истекот на ИПАРД 2 програмата, од предвидените 80 милиони евра, повлечени се само 4,6 милиони или 5,75 отсто од парите. На првиот оглас, одобрени биле само околу 10 отсто од доставените апликации.
„Интересот е навистина голем, самата бројка од 1.648 апликации на првиот повик во ИПАРД 2 кажува дека интересот навистина и кај земјоделците и кај преработувачката индустрија е доста голем“, изјави Никола Бабевски, директор на Агенцијата за финансиска поддрша во земјоделството и руралниот развој
А за да сме ги земале парите, ќе ни помагаат словенците. Ни порачаа дека не е лесно да се дојде до европските пари зашто процедурите се комплексни и бирократски комплицирани. Но и дека нашата администрација треба да има конкретно знаење, но и конкретно да им помогне на терен за земјоделците и на фирмите. Платежната агенција на Словенија 99,9 отсто е компјутеризирана и работи електронски.
„Важно е општините да аплицираат за проекти за искористување на овие средства. Има многу можности за проекти кои се помали, на пример од 10, 20 или 50 илјади евра и тоа лесно може да се нарави“, вели Милан Јазбец, амасадор на Словенија
Македонија досега искористила само 17% од средствата од ИПАРД програмата, а тоа Европската Комисија во последниот извештај за напредокот го квалификува како незначително.
Извор: Алсат