Актуелно 11.07.2018 15:32

Македонија падната за 23 места споредено со лани според извештајот на “Global Innovation Index 2018”.

Македонија падната  за 23 места споредено со лани според извештајот на “Global Innovation Index 2018”.

Македонија се наоѓа на слабото 84-то место на најиновативни економии во светот, и е падната за 23 места во однос на минатата година, според извештајот на “Global Innovation Index 2018

 

 

Владата потфрли во многу полиња во економијата а оваа година Македонија е падната за 23 места според извештајот за иновативност однсоно за најиновативни економии во светот. Имено владата на големо зборуваше дека преку разни мерки ќе ја ги стимулира младите за да бидат инвативни и да формираат компании но Македононија оваа година сепак бележи лоши резултати на тоа поле како и во многу други сегменти кои ја засегаат економијата.

Имено, наместо вложување и субвенционирање на компаниите кои мака мачат со стари машини и стари техники на работење владата одлучи да го донесе планот за финансиска подршка кој беше повеќе пати критикуван во јавноста. Експертите велат дека тој финансиски план е скроен само сериозно успешни компании да земаат пари додека малите микро компании кои воедно се познати како мотори на економијата и главна движечка сила се оставени сами на себе.

 

Македонските компании мака мачат со стари технологии додека малите иновативни компании со новите измени во законите воопшто не се помогнати и немаат перспектива.

 

Според епскертите не е ни чудно што Македонија бележи вакви резултати и пад на оваа листа.

 

Инаку, од регионот сите се подобро рангирани од Македонија. Србија е на 55-тото место, Црна Гора на 52-то место, Хрватска на 41-во, Бугарија на 37-мо и Албанија на 83-тото место.