Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01.-31.01.2019 година вкупниот промет изнесувал 489.310.274 денари и е намален во однос на декември 2018 за 24,63 отсто.
Класичното тргување изнесува 257.475.051 денари и е намалено во однос на декември за 12,97 отсто.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 252.860.997 денари и обврзници во вредност од 4.614.054 денари.
Блок трансакциите во јануари изнесувале 201.888.437 денари и се зголемени за 89,25 отсто во однос на декември.
Бројот на трансакции во ноември изнесувал 1.311.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за првиот месец од годината се на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, а Макпетрол АД Скопје го зазема третото место.