Актуелно 08.08.2018 13:39

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.07.-31.07.2018 година вкупниот промет изнесувал 912.262.388 денари и е намален во однос на јуни за 6,59 отсто. 

Класичното тргување изнесува 385.880.968 денари и е намалено во однос на јуни за 50,03 отсто кога изнесувало 772.230.430 денари.

Во класично тргување истргувани се акции во вредност од 328.898.500  денари и обврзници во вредност од 56.982.468 денари.

Блок трансакциите за јули изнесувале 526.381.420 денари и се зголемени за 161,59 отсто во однос на јуни.

Бројот на трансакции во јули изнесувале 1.996 и се намалени за 37,57 отсто во однос на јуни кога изнесувале 3.197.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јули се на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, и Гранит АД Скопје е на трето место.

Месечниот статистички билтен за јули 2018 година можете да го погледнете тука.