Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05 – 31.05.2024 година вкупниот промет изнесувал 664.903.616 денари и е речиси идентичен во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 416.122.152 денари и е зголемено во однос на април за 9,00 отсто.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 414.156.538 денри и обврзници во вредност од 1.965.614 денари.
Блок трансакциите за мај изнесувале 248.781.464 денари.
Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.583 и е зголемен за 4,28 отсто во однос на април кога изнесувал 1.518.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за мај се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.