Државниот завод за статистика денес уште еднаш ги потврди лошите економски политики на Владата на Република Македонија.Според објавените податоци, покрај силниот пад во градежниот сектор, очигледно е дека и индустријата во Република Македонија продолжува да тоне.
Индексот на индустриското производство во мај 2018 година изнесува 101.1% односно индустриското производство забележало раст од само 1.1%. Особено загрижуваат податоците за падот на производството во секторот Производство на облека (-12%) и производство на Кожа (-8%), односно токму во секторите каде Владата очекуваше дека предложените квази економски мерки и политики ќе дадат позитивни резултати. Впрочем претставницитена овие индустриски гранки во рамки на Стопанската комора на Македонија изразија голема загриженост и отворено ја критикуваа економската политика на владата и укажаа дека доколку не се превземат дополнителни мерки и активности ќе мораат да стават клуч на врата на своите фирми.
Дополнително, во мај 2018 година, се забележува пад во 16 од вкупно 27 индустриски гранки, односно повеќе од половина од секторите покажуваат намалување на производството, што укажува дека состојбата е навистина загрижувачка. Притоа, од податоците се заклучува дека раст се забележува само во секторите каде произведуваат претпријатијата од Технолошките индустриски развојни зони.
Податоците на Државниот завод за статистика за индустриското производство и градежниот сектор укажуваат дека мерките на Владата зод Планот за економски раст, не само што не даваат резултати, туку нивната комплицираност и неприменливост дури им штети на македонските претпријатија и им оневозможува да го зголемат производството. Со тоа, растот на БДП од 3,2% за 2018 година останува само неоствраена желба за Владата на Република Македонија