Актуелно 13.09.2018 17:45

Македонските здруженија од дијаспората заедно во отпор против политиките одразени во Грчкиот Договор: СТОП ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЕТНОЦИД!

Македонските здруженија од дијаспората заедно во отпор против политиките одразени во Грчкиот Договор: СТОП ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЕТНОЦИД!

На собирот е усвоена платформа за заедничко дејствување во отпор против политиките одразени во Грчкиот Договор, против невалидниот референдум, како и пошироко против корумпираното и угнетувачко владеење на режимот на Зоран Заев и Али Ахмети.

Платформата ја пренесуваме во продолжение:

Грчкиот Договор, а со тоа и најавениот референдум е антимакедонски, противуставен, противправен и репресивен затоа што: а) Ја легитимизира грчката националистичка и ревизионистичка индоктринација дека не постои автохтон македонски етнички/народен идентитет, дека Македонија е античко-грчка територија, дека во Егејскиот дел на Македонија отсекогаш живееле само Грчки ‘Македонци’ и никогаш домородни етнички Македонци, дека македонскиот народен идентитет е вештачка творба од крајот на Втората Светска Војна, ограничена на територијата на Република Македонија, а со тоа и дека не постојат домородни етнички Македонци во деловите на Македонија под Бугарија и Албанија; б) На националистичкиот Грчки режим му дава право да ги редефинира и цензурира идентитетот, Уставот и законите на Република Македонија, вклучувајќи законско ограничување на меѓународно утврдените човекови права на слободна самоопределба, слободна самоидентификација, слободно одржување на својот културен и етнички идентитет, слободно изразување (со зборови и симболи), слободно асоцирање (со своите македонски сонародници од егејскиот дел на Македонија), слободно истражување на своите историски корени, како и слободен дискурс околу историски вистини и повреди врз човековите права и слободи. Со тоа Договорот претставува делење, отуѓување и/или пренесување на суверенитетот на Република Македонија, што е забрането со Член 1 од Уставот, односно за што ниту Парламентот, ниту граѓаните на референдум имаат овластување, туку напротив им е забрането. в) Ја пренесува во Република Македонија вековната етноцидна политика на Република Грција и Република Бугарија врз македонскиот народ во нивните државни граници, според која се врши систематско нарушување на човековите права на етничките Македонци само затоа што го одржуваат својот етноисториски идентитет. г) Предвидува бришење на делот од преамбулата на Уставот кој утврдува дека Република Македонија е основана од македонскиот народ и дека Уставот е донесен врз основа на Илинденските и АСНОМските вредности и стремежи.

Тоа претставува темелно, односно суштинско рушење на Уставот на Република Македонија и задржување само на неговата форма, како празна школка. д) На предвидениот референдум се бара граѓаните да гласаат за Уставни амандмани кои не се јавно обелоденети и не се изложени на отворена дебата, што значи дека е невозможно референдумот да важи како мандат за спроведување на такви амандмани. ѓ) Се предвидува за редефинирање, цензурирање и задушување на македонскиот етно-национален идентитет да гласаат луѓе кои не се или не сакаат да останат носители на тој идентитет, што се коси со меѓународното човеково право на поединецот самиот да си го определува својот етнички идентитет, без државни или политички рестрикции.  Со тоа се предизвикува длабоко меѓуетничко нетрпение и непочитување во Македонија, со несогледливи последици по соживотот, мирот, безбедноста и стабилноста на општеството. е) Договорот и референдумот претставуваат газење на човечкото достоинство на припадниците на македонскиот народ и сквернавење на саможртвите кои нашите претци ги дале во повеќевековната борба за слобода и правда.  Срамот за тоа обесчестување и сквернавење ќе треба да го носат нашите идни генерации, кои немаат прилика да гласаат, ниту ќе имаат објективна можност да ја исправат направената штета. ж) Договорот и спогодбата претставуваат легитимирање на големорчките конструкции наменети за прикривање на историските вистини за злосторствата, геноцидното етничко чистење и присилната асимилација врз домородните Македонци во делот на Македонија кој Грција го окупира од 1912г наваму.  Ако учесниците во Договорот беа навистина определени за либералните вредности на современите демократии, или барем човековите права и слободи кои во Обединетите Нации се утврдени за да не се повторуваат злосторствата од Втората светска војна, ќе бараа извинување од Република Грција за историските неправди врз македонскиот народ и другите етнички малцинства во Грција, како и прекин на систематското државно и општествено угнетување.

Не само етничките Македонци, туку сите чесни и правдољубиви граѓани на Република Македонија треба да се воздржат од соучество во најавениот невалиден референдум, а неговите организатори и соучесници да ги повикаат на политичка и кривична одговорност за рушење на Уставот, за потчинување на државата на конфликтни странски интереси и за злоупотреба на јавни функции и јавниот буџет.

Изразуваме солидарност и желба за соработка со сите други организации, активисти и движења кои искрено се залагаат за отпор против политиките на Грчкиот договор и за бојкот на референдумот.

Сојузот го овластува Игор Аврамовски АЛЕКСАНДРОВ од Австралија, како свој застапник во кампањата против учество во референдумот.

Во едногласното усвојување на платформата учествуваа: Зоран Ивановски – Нју Џерзи, САД; 2. Игор Александров – Претседател на Здружението на македонски заедници од Австралија; 3. Илона Захариева – Македонско здружение Камен Мост, Италија;  4. Сузана Сурловска-Георгиевска – Француско-Македонска Асоцијација Блаже Конески;  5.  Јонче Спиридонов – Францијa;  6.  Филип Тодоровски – Сиднеј;  7.  Бојан Драгановски – Франкфурт;  8.  Даниел Илиевски – Париз, Франција;  9. Славе Трајковски – Париз, Франција;  10. Живко Стојмановски – Париз, Франција;  11. Ленче Трајковска – Париз, Франција;  12. Максимилијан Казаков – Претседател на Македонската заедница во Малта;  13. Надe Дуклеска-Малме, Шведска, Стојче Смиљанов, Италија….