Финансии 06.06.2023 12:17

„МАКПЕТРОЛ”: Природниот гас поевтин за 13,82, а метанот за 7,5 отсто

„МАКПЕТРОЛ”: Природниот гас поевтин за 13,82, а метанот за 7,5 отсто

Цената на природниот гас месецов ќе биде пониска за 13,82 отсто за мегават час, во однос на мај. Тоа произлегува од постигнатиот договор меѓу скопски „Макпетрол” АД и „Гаспром експорт”,но влијание има и движењето на цената на природниот гас на светските берзи.

Од „Макпетрол“ информираат и дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на нивните бензински станици се намалува за 7,5 проценти. Конкретно, за пет денари по килограм (3,54 ден/лит). Или, новата цена ќе изнесува 62 денари за килограм или 43,89 денари за литар. Минатиот месец цената беше 67 денари за килограм.