Финансии 02.11.2018 23:57

Малите бизниси во Индија доаѓаат до кредит за 59 минути

Малите бизниси во Индија доаѓаат до кредит за 59 минути

Индискиот премиер, Нарендра Моди, иницираше програма за одобрување кредити до 10 милиони рупии (138.000 долари) за мали и средни бизниси во рок од 59 минути.

Според агенцијата „Ројтерс“, не се објавени инфомации за тоа кои банки се избрани за одобрување на „брзите кредити“.

„Додека зборуваме, некаде во земјата вашите браќа или сестри претприемачи подигнуваат кредит… Одобрен за само 59 минути. Замислете, само 59 минути“, рече Моди.

„Ројтерс“ информира дека оваа мерка е одговор на индиската Народна партија на Моди, на ветувањата што опозициската Конгресна партија претходно ги упати кон претприемачите.