Судење какво што не се памети во судската пракса, дури и кога во историјата им се судело на најголеми криминалци и сторители на најгрозоморни акти. Такво судење денес се случува во Кривичниот суд во Скопје за настаните во Собранието од 27-ми април минатата година.
Ова е петто рочиште од почеток на судењето. Претходните судски расправи траеја повеќе од шест часа.
Рочиштето денес започна во 10 часот наутро, а до сега имаа само една пауза во времетраење од еден час и друга од 30 минути.
Цели 10 часа, обвинетите се држат во судот. Оние меѓу нив, кои се донесени од притвор, не добиваат ниту храна, ниту вода. Дел од оние кои се во куќен притвор, треба допрва, после рочиштето да бидат носени дома, во други градови во Македонија. Ова е крајно нехуман третман врз поголем број на лица, па поупатените коментираат дека станува збор за планирано, политички мотивирано, изживување.
Се очекува рочиштето да трае максимално што е можно, односно до околу полноќ.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни