Актуелно 25.08.2018 11:11

Масакр на Водно, демолиран е сртот кај Бел Камен (ФОТО+ВИДЕО)

Масакр на Водно, демолиран е сртот кај Бел Камен (ФОТО+ВИДЕО)

Граѓани на Скопје, од денес планината Водно не е веќе иста. Демолиран е сртот кај Бел Камен, штетата е непроценлива, тоа повеќе не може никако да се санира како што не лажат егзекуторите на Водно. Глетката е тешка и мачна, напиша Сергеј Дамовски на својот Фејсбук профил, споделувајќи фотографии и видеа на кои се гледа дека сечата е стигната до сртот кај Бел Камен.

Инаку, да продолжи изградбата на гасоводот низ Водно беше одлучено на последната владина седница.