На натпреварот за Мис Америка се укинува натпреварувањето во костими за капење, а организаторите наведуваат дека на натпреварувачките нема веќе да им се суди според нивниот изглед.
Ова натпреварување започна пред скоро 100 години во Атлантик Сити во Њу Џерси, кога било отворено натпреварувањето за убавица во костим за капење, која би ги привлекувала туристите во одморалиштата на брегот на океанот, меѓутоа сега се претвори во натпревар во вечерни фустани.
-Нема да ве судиме по вашиот изглед затоа што нас не интересира она што вас ве прави вас, кажа поранешната Мис Америка Гречен Карлсон, која сега е шефица на одборот на организација.
Карлсон изјавила дека одбоорт слушнал дека потенцијални натпреварувачки коментираат дека не сакаат да бидат на штикли по костими за капење.
Оваа одлука, секако наиде на жестоки критики, главно упатени од машката популација.