Меѓународната конфедерација на синдикати во својот последен извештај за кршењето на синдикалните права во светот, наведува дека во Македонија „редовно се кршат“ работничките права.
Резултатите на Индексот за 2018 за кршењето на синдикалните права, подготвен од Меѓународната конфедерација на синдикати, се глобално загрижувачки во целиот свет, и дека „демократскиот простор насекаде се стеснува“. Во Европа, три-четвртини од државите го прекршиле правото на штрајк, а во Италија, работниците биле изложени на физичко насилство и закани.
Македонија спаѓа во третата група каде „редовно се кршат“ правата на работниците, заедно со Албанија, Бугарија, Грузија, Молдавија, Полска, Русија, Шпанија и Велика Британија.
Македонија е полошо рангирана од минатите година, а во извештајот се наведува дека Владата „упорно одбива да преговара за генералниот колективен договор за јавниот сектор“.
Соседна Грција е меѓу најлошо рангираните квалификувана како држава „без загарантирани права за работниците“, во група со Белорусија и Украина.
Повеќето земји од ЕУ се во првата група каде кршењето на синдикалните права се „спорадични“.
МИА