Тој посочи дека законот за јавно обвинителство е само плагијат и несреќно препишан од хрватскиот закон, а кај нас потребно е да се создаде закон кој ќе служи на сите граѓани согласно суверенитетот, законите и меѓународните стандарди.
Во врска со истрагите на СЈО после 30 јуни, Менкиноски посочи дека како такви се контаминирани, и се плод на трула овошка, од причина што мандатот согласно законот за кривична постапка му е поминат и сите тие докази кои се прибирани се веќе собрани од неовластен тужител.
-Ние тие истраги сакаме да ги затвориме, нека ги отвори регуларното ЈО, но доказите кои се собрани и прибрани не може да бидат предмет на тие истраги. Новите истраги кои регуларното ЈО ќе ги отвори треба само да си ги отвори согласно процедуралните можности. Може да испадне ние како граѓани два пати да го платиме СЈО и во Република Македонија со енормниот буџет и со парите кои ќе ги изгубиме во судот на Стразбур, нагласи Менкиноски.