Актуелно 20.07.2018 11:24

МЕПСО ќе потроши над 350.000 евра за кујни, гарнитури и гардеробери- Заев заборави што ветуваше

МЕПСО ќе потроши над 350.000 евра за кујни, гарнитури и гардеробери- Заев заборави што ветуваше

Иако Зоран Заев ветуваше дека ќе ги укине непродуктивните трошоци и набавки, за да има повеќе пари за граѓаните, на електронскиот систем за јавни набавки е објавен тендер од страна на АД МЕПСО во државна сопственост за набавка на мебел, кујни, гарнитури, столчиња, гардеробери, полици во кој главниот критериум е најниската цена.

Во техничката спецификација пишува дека ергономските, огноотпорни и тапацирани со телешка кожа столчиња се за генералниот директор, за шефот на оддел и за секретарката на директорот на сектор. Освен тоа, овие столчиња треба да имаат висок потпирач за грб и со антишок функција.

Зоран Заев ветуваше дека ќе направи целосно кратење од сите непродуктивни трошења за да останат повеќе пари за потребите на граѓаните, а ќе целат и кон поголема реализација на капитални инвестиции.

-Ќе целиме кон што поголема реализирација на капиталните инвестиции како важен сегмент за планираниот раст на економијата за наредната 2018 година. Во 2018 година уште поизразено продолжуваме со кратење на непродуктивните трошоци и тие пари ги насочуваме за потребите на граѓаните, изјави Заев.

Не само што не е исполнето ова ветување, туку се набавува скап мебел, огноотпорни и тапацирани со телешка кожа столчиња за генералниот директор. Останува нејасно дали оваа набавка се смета за капитален проект или пак за потреба на граѓаните?

Само пред неколку дена во фокусот на јавноста беше и набавката на 45 луксузни возила од марката Пасат во вредност од 1 милион 779 илјади евра, или 40.000 евра по возило.

Само по овие два основа од буџетот ќе се одлеат над 2 милиони евра пари на граѓаните, кои во време кога беа опозиција СДСМ и Заев ги пресметуваа во тоа колку изградби на градинки, училишта, лекувања на болни деца би биле покриени со тие пари.