Во целост ги демантираме паушалните оценки објавени на некои портали дека има конфликт на интереси во врска со договорот за користење диретен интернет пристап со неограничен трансфер склучен меѓу МЕПСО и „Неотел“. „Неотел“ е избран во транспарентна тендерска процедура во која критериумот бил најниска цена. Согласно законската регулатива не постои конфликт на интереси кај Сашо Василевски, претседателот на Управниот одбор на МЕПСО ниту кај Трајче Черепналковски, членот на Надзорниот одбор на МЕПСО.
-Черепналковски не е член на управувачките органи на МЕПСО туку е член на Надзорниот одбор кој ја одобрува работата на Управниот одбор. Надзорниот одбор не учествува до одлучување по тендери ниту пак се информира за тендери и други активности кои се во рамки на оперативното работење на МЕПСО – тврдат од компанијата.
-Изнесувањето невистини има за цел дезинформирање на јавноста и е неуспешен обид за негативно влијание врз имиџот на МЕПСО. Во склучениот договор не постои конфликт на интерес. Во тендерската документација, согласно законската регулатива, е дефинирано што е конфликт на интерес. Тоа значи дека носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Исто така во во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот. Што се однесува пак до компаниите кои можат да конкурираат на тендер, согласно законската регулатива не се дозволува учество на тендер на фирми кои имаат има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество. Законот дозволува право на достава на понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка – велат од МЕПСО