Актуелно 22.02.2019 14:50

Мицевски: Дигнитетот во овој парламентарен состав во Собранието го има изгубено одамна

Мицевски: Дигнитетот во овој парламентарен состав во Собранието го има изгубено одамна

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната Комисија за мандатно имунитетни прашања реплицираше до Павле Богоевски кој рече дека Собранието треба да покаже дигнитет.

„Реченицата кај што кажавте – „Собранието треба да покаже дигнитет“, колега Богоевски, дигнитетот во овој парламентарен состав во Собранието го има изгубено. Овој парламентарен состав го има изгубено дигнитетот од причина што во последните две години имаме осум барања за симнување на имунитет на колеги пратеници“ – нагласи Мицевски.

Мицевски појасни дека земено процентуално на секои три месеци по едно симнување на имунитет има во овој пратенички состав разговарано. Тоа е скоро 25% од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто го потенцирам ова? Затоа што во проверката на стенограмите и информациите од собраниската веб страна видов дека имунитет се симнувало само на опозициски пратеници“ – посочи Мицевски.

Најнови вести