Актуелно 01.11.2018 14:13

Мицевски ја презеде функцијата од Данев: ВМРО-ДПМНЕ ќе настапува како една пратеничка група

Мицевски ја презеде функцијата од Данев: ВМРО-ДПМНЕ ќе настапува како една пратеничка група

Никола Мицевски е новиот координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Тој денес се заблагодар на досегашниот координатор Драган Данев и неговите заменици.

-Пратеничката група вчера донесе одлука да јас бидам новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. И тоа како одлука на ИК помина на синоќешната седница, настапуваме во натамошниот период како една пратеничка група. Ова беше разговарано во изминатиов период бидејќи постоењето на повеќе пратенички групи не наиде на она на што ние очекувавме, а тоа е доволен простор за да можеме да го искажеме сето она што беше планирано. Видовме непочитување на Деловникот на Собранието на Република Македонија и не давање можност на тие пратенички групи да го искажат сето она што требаше да биде кажано во Собранието, да го слушнат граѓаните на Република Македонија. Затоа уште малку порано беше одлучено да оваа пратеничка група настапува како една сублимирана значи од сите пратенички групи, да пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ може да се појави и да ги каже штетните политики кои што во моментот се случуваат во Република Македонија, истакна Мицевски.

Инаку, тој денеска ја презеде функцијата од Драган Данев, кој рече дека оставката ја поднел од лични причини.

Фото: Макфакс