Актуелно 18.02.2019 15:22

Мицевски: Собранието ја продолжува злоупотребата на европското знаменце

Мицевски: Собранието ја продолжува злоупотребата на европското знаменце

Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 86. седница ја усвои одлуката за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

По ова, седницата беше прекината со образложение дека неколку предлог-законски решенија што се на дневен ред треба да бидат разгледани на матичните комисии.

При утврдувањето на дневниот ред на седницата, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски забележа дека продолжува праксата на поднесување на закони по скратена постапка и оти се злоупотреба европското знаменце при носењето на законите.

Како трета точка на 86. седница е ставена интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од опозицијата.

На самиот почеток на седницата, пратениците со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во сообраќајната незгода кај селото Ласкарци.

Најнови вести