Актуелно 06.02.2019 21:55

Мицевски: Замениците директори во Јавните Претпријатија ќе ја чинат државата 2 милиони евра годишно

Мицевски: Замениците директори во Јавните Претпријатија ќе ја чинат државата 2 милиони евра годишно

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денес од Собраниската говорница ги нарече скандалозни измените на Законот за Јавни Претпријатија со кои директорите на претпријатијата добиваат свои заменици. Тој дополнително го критикуваше и начинот на кој законот е донесен со скратена постапка или како што вели протуркан на мала врата без дебата.

„Очекував по предлог законот за изменување и дополнување за Законот за Јавните Претпријатија да се јави барем некој од предлагачите или колегиве пратеници да ја видиме итноста за скратената постапка за донесување на еден скандалозен Закон кој што очигледно немајќи како да го бранат пратениците од власта оставаат да помине на мала врата. Денеска пред нас колеги пратеници и почитувана македонска јавност е Закон за јавните претпријатија во кој се предлага воведување на заменици директори во јавните претпријатија во кој се предлага воведување на заменици директори во Јавните претпријатија.“

Мицевски посочи дека законските измени кои ги предложи власта ќе ја чинат државата неверојатни 2 милиони евра годишно, пари кои ќе одат за плати на избраните заменици директори на Јавни Претпријатија.

-Реакциите кои што секојдневно ги имаме во јавноста и во иницијативте кои што ги поднесуваат одредени институции, одредени невладини здруженија никако да допрат до пратениците од власта. Ние воведуваме заменици директори во сите Jавни Претпријатија и не знам дали и врз што се должи основата за поднесување на еден ваков Закон имајќи предвид дека одредени минимални анализи кои што беа направени покажуваат дека ова ќе ја кошта државата Република Македонија дополнителни 2 милиони евра на годишно ниво, посочи Мицевски.