Актуелно 23.09.2018 14:48

Мицкоски: Ајде еднаш да направиме поинаков чекор и да не го прифатиме она што ни го нудат на маса, затоа што е штетно, погрешно и манипулативно

Мицкоски: Ајде еднаш да направиме поинаков чекор и да не го прифатиме она што ни го нудат на маса, затоа што е штетно, погрешно и манипулативно

-Пораснавме, живееме и старееме со лажните ветувања за подобро утре кое еве 27 години никако да дојде. Се сеќавам деведестите години како млад човек ни велеа еве само да ја прифатиме референцата ФИРОМ која ќе траела неколку месеци и на Македонија ќе и тргне. Ја прифатија ФИРОМ, го сменија знамето и уставот ама нашите родители останаа без работа, пеколна транзиција, општа сиромаштија , тешки времиња. Да не заборавиме тогаш на власт беше истата оваа партија, во голем дел истите ликови.  Во 2001 година ни велеа рамковниот договор прифатете го и ќе бидете членка на НАТО, го прифативме, спроведовме, еве сега 17 години потоа истата приказна дека ќе сме влегле во НАТО само да голтнеме уште една кнедла. Во 2004та година ни велеа прифатете ја територијалната организација и Македонија ќе оди напред по европските вредности. Се донесе законот за територијалната распределба и еве по 14 години потоа се наоѓаме во истата чекална, непомрднати ниту милиметар. А времето врви, генерациите се менуваат, а надежта останува. Но работите не се менуваат. Ајде еднаш да направиме поинаков чекор да се одважиме и да не го прифатиме она што ни го нудат на маса, затоа што е штетно, погрешно и манипулативно. Затоа што ова е договор за промена на името Македонија и референдум по кој нема да дојде, туку така европската иднина, која ни ја преставуваат со толку многу розеви очила, рече Мицкоски.

Македонија со овие луѓе на власт ќе остане во чекална за Европската Унија.

-Ги видовме невредностите и непринципите на Заев. Тие се викаат евро за Вицето евро за Црквата, човекот кој од Валадново порача дека ќе јадел живи луѓе, а сега сака да ја изеде Македонија. Погрешен е овој човек, не е ова патот. Па вели дека Македонија била кајче среде езеро и требале да сме извеслале со плаките, како што Заев ги именува веслата, до површината, на брегот. Па продолжува ако сме го земале само едното весло ќе сме вртеле во круг. Но Зоране нели гледаш дека не е до веслата. До тебе е. Токму ти со секој изминат месец на власт правиш се поголема дупка на кајчето и водата влегува. Ги вадиш даските, ги кршиш клиновите, правиш се поголеми отвори, со тебе кајчето е се повеќе со вода полно и тонеме како држава се повеќе и повеќе. Македонија се помалку ја има, рече Мицкоски.

И за  тоа дека е штетен договорот, дека со договорот се губи идентитетот, името Македонија, дека не е заштитена националноста нема денес јас да говорам за тоа, ќе оставам тоа да го кажат грчките партнери на Заев. Затоа ќе цитирам неколку изјави од партнерите на Заев.

Ципрас јуни 2018та година ќе изјави: Не признаваме со договорот македонска националност, нема да ги нарекуваме македонци, тие се славјани

Јоргос Катругалос  кој e алтернативниот грчки министер за надворешни работи исто така јуни 2018та година кажува дека во договорот нема споменување и признавање на национаност, туку се споменува само државјнство

Пратеничката  во Република Грција, Марија Спираки овој месец изјави -Не го прифаќаме постоењето на македонскиот народ, не ги исполувате критериумите за членство во ЕУ

Јули 2018ата година грчкото МНР предводено од Коцијас вели:  вашата армија не е повеќе македонска.