Тој обвини дека полицијата влегла во домовите на повеќе активисти и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. На „Фејсбук“ напиша дека луѓето кај кои влегле специјалците со оружје биле чесни луѓе, кои отворено ја критикувале власта.
„Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, значи не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава. Со специјалци, огнено оружје во домовите на честити луѓе, домаќини, но однеднаш за соседите, и согласно употребената полициска сила стануваат сомнителни поединци за кои има “сомнеж за антидржавно делување”. Еден од нив има три деца, а можете да замислите каков надреален трилер е само за неговите малолетни деца кога специјалци вооружани прават претрес во детската соба затоа што единствен грев на неговиот татко е што мисли поразлично од власта, другиот го задржале во полициска станица зошто имал чаура зачувана од неговата свадба пред повеќе од десетина години, другиот сомнително им изгледал, а тоа според полицијата на Спасовски е тешко кривично дело во обид“-напиша Мицкоски.
Веднаш по овие информации, кои народот ги осуди, се огласи и МВР:
„Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Во согласност со законските надлежности се преземаат разни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви, туку исклучиво за санкционирање одредено криминално дејствување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период сè со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно“, се вели во реакцијата.
Но, сега жртвите на ваквиот прогон се одлучија да проговорат пред јавноста. Дел од нив, јавно кажуваат со што се соочиле, а нивните лични сведоштва се јасен доказ кој ја говори вистината, а кој лаже.
„Браќа и сестри притисоците на власта против нас кои сме противници на предавничкиот договор за промена на името не престануваат! Завчера утрото околу 5:30 часот полиција со налог од судството под контрола на власта упадна во мојот дом! Тие ловеа вештерки, бараа оружје, наркотици и не знам што! На дел од самите полицајци што го вршеа претресот им беше јасно дека немам ништо од тоа што бараа! Тие пронајдоа два испукани патрони (чаури) од ловна пушка што ги чувам како сувенири од мојата свадба пред 17 (СЕДУМНАЕСЕТ) години и еден неиспукан патрон исто од ловна пушка кој останал од тогаш дома за кој не се ни сеќавам дека сум го имал. Нејсе, по тој основ бев лишен од слобода а потоа и задржан, при што ги поминав повеќето полициски станици низ Скопје со земање отисоци, днк, сликање и се како што е нивната практика, за на крај во последните два часа да ми се разјасни циркузот! Целото испрашување/заплашување беше за протестите што поминаа и што следат, за навивачките групи, за ланскиот снег и за снегот што следи, ама ништо за моите сувенири Пораката ви е сфатена, но за ваша жал не ви поминува, никакви притисоци, закани и заплашувања нема да го сменат моето мислење за предавничкиот договор од Преспа! Сакам да напоменам дека најголемиот дел од полициските припадници беа максимално коректни и професионални, сем тој или тие што во мојот дом влегоа со измет (гомна) на чизмите, излезени како од кочина и влезени во мојот дом! Затоа и не се обратив во текот на вчерашниот ден, бев приморан да чистам гомна и да го средувам хаосот што го носи секој претрес!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА!!!
Златко Трпевски 02.12.2018 год.