Актуелно 20.12.2018 21:58

Мицкоски: Борбата започна и нема запирање додека не ги поразиме, првата победа ќе бидат претседателските избори

Мицкоски: Борбата започна и нема запирање додека не ги поразиме, првата победа ќе бидат претседателските избори

Тој истакна дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ е насекаде низ Македонија, на улиците.

-Борбата штотуку започна и нема запирање додека не ги поразиме. Првата победа ќе биде на претседателските избори. Во април доаѓа големата победа, која ќе најави предвремени парламентарни избори кога народот ќе дојде и ќе им каже „излажавте еднаш, ви помина, два пати не измамивте, но третиот пат дојдовме по своето, а секој еден од вас ќе ја добие заслужената казна“. Народот на следните избори ќе ви покаже дали наместените анкети се вистинската слика во Македонија. И покрај тоа што ги местите анкетите, пак ве водиме, вели Мицкоски.