Целокупниот овој процес се води катастрофално, по моја оценка, сососема погрешни пораки, пораки кои се манипулативни, пораки кои што се заведувачки, вели во интервјуто за Канал 5 телевизија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На прашањето на новинарката дали во тој контектст би ги сместил и пораките на претставниците на меѓународната заедница, Мицкоски вели:
-Не, во тој контекст ги сместив пораките на оние кои што ги кажуваат за време на оваа кампања, а кампања точно знаеме дека не водат претставниците на меѓународната заедница, него води Собранието на Република Македонија.