Актуелно 28.05.2018 11:27

Мицкоски: Единствено што оди напред во државата се бизнисите на картелот на власт

Мицкоски: Единствено што оди напред во државата се бизнисите на картелот на власт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со граѓани и состанок со општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Струга.

Мицкоски се осврна на неостварените ветувања на актуелната влада.

-Што се случува сега, ветуваа 500 евра просечна плата, 30.000 денари, ветуваа 100.000 денари просечна плата за докторите, ветуваа нови 600 километри автопат ветуваа повеќе субвенции за земјоделците, ветуваа поголеми стипендии и повеќе можности за младите, ветуваа поголеми пензии за пензионерите, ветуваа живот за сите. А што донесоа? Донесоа чемер, јад и разочарување, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ посочи дека единствено што оди напред се бизнисите на картелот на власт додека се друго назадува.

-И секогаш кога одам низ Македонија и кога се движам и кога разговарам со луѓето ги прашувам дали има нешто што јас не гледам? Дали има нешто што навистина добро го прават и ако навистина добро го прават да можам да се обидам да им стегнам рака и да им кажам ова навистина добро го направите. Дaли овде во Струга има нешто што добро го направиле? Еве кажете ми Вие да ги пофалиме за тоа. Сите се согласуваме дека нема такво нешто. Секаде каде што стапнав во Македонија, истиот одговор го добивам. Тоа ли го заслужуваме како народ, тоа ли го заслуживме како нација? Ние тоа не го заслуживме. Не само ние, тоа не го заслужија ни стружани. Тоа не го заслужи нити еден град во Македонија, ниту една етничка групација во Македонија, вели претседателот на партијата.

 

Мицкоски нагласи дека суштината е поинаква.