Актуелно 12.12.2018 20:10

Мицкоски: Го повикувам Заев на ТВ дуел за да разговараме за сите црнила што и се случуваат на Македонија

Мицкоски: Го повикувам Заев на ТВ дуел за да разговараме за сите црнила што и се случуваат на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протестен марш кој го организираше партијата, го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

-Ајде пред Нова година, Заев, јас и ти очи во очи, пред целата македонска јавност на дуел. Но, викни ги на помош оние поранешни наши браќа и сестри што застанаа рамо до рамо со тебе во битката против ВМРО-ДПМНЕ, да те избрифираат за „вмровските работи“. Ќе зборуваме и за тоа, ама ќе зборуваме и за сето она кое и го приреди на нацијата, за сите недостоинствени политики. Јас и ти, очи во очи пред македонските граѓаните, па тие нека судат кој е во право. Немој овој пат да се криеш. Избери време, место и медиум. Таму ќе дојдам каде што ти сакаш и ти ќе кажеш, му порача Мицкоски на Заев.