Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во интервју за Алсат М телевизија, зборуваше за целите на партијата која ја води.
-Основен двигател на ВМРО-ДПМНЕ, но и впрочем на секоја опозициона партија треба да биде мислата како да дојдеме до предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.
Тој одговори и на прашањето што тие би промениле.
-Би ја промениле оваа неспособна, корумпирана и безидејна Влада, која изобилува со криминал, хедонизам и афери на дневна основа. Тоа е основната придобивка на сите граѓани на Република Македонија, нас ни треба влада, која што ќе има чесни политичари, каде што политичарите ќе промовираат еден нов начин на водење на политика, изјави Мицкоски.