Актуелно 03.05.2018 10:20

Мицкоски: Имаме општествена депресија, граѓаните се незадоволни од секојдневието

Мицкоски: Имаме општествена депресија, граѓаните се незадоволни од секојдневието

Со жалење можам да констатирам дека се работи за еден тежок период за Република Македонија, за што сведочат и јавувањата на граѓаните во утринските емисии. Генерално луѓето не се задоволни од квалитетот на живот и тоа можам да го препознаам и во секојдневните контакти со граѓаните, без разлика на нивната старосна возраст, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во утринската емисија за Сител телевизија, „Ја сакам Македонија“.

Мицкоски посочи дека од сите нивни заклучоци, сугестии и критики политичарите треба да извлечат поука и да ја дефинираат траекторијата по која треба да ги движат политиките.

– Јас мислам дека многу нешта треба да учиме од утринските програми и од критиките и сугестиите на граѓаните. Опшествена депресија завладеа во државата и нормално затоа што имаме политичари кои се можеби последните остатоци од оние транзициони политичари кое своето политичко битисувањепретежно  го темелат на ветување и нула реализација, вели Мицкоски

Најнови вести

Во Кристалната сала на Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се потпише договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој – ЕБОР и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО. Како што информираат од владината прес-служба, средствата од заемот се наменети за зајакнување на преносната мрежа на АД МЕПСО.