Актуелно 05.12.2018 21:06

Мицкоски: Како да веруваме во независно обвинителство кога министерот за внатрешни работи кај него во фиока има материјали за да може да ги уценува обвинителите и судиите

Мицкоски: Како да веруваме во независно обвинителство кога министерот за внатрешни работи кај него во фиока има материјали за да може да ги уценува обвинителите и судиите

Фантастично голем скандал ќе излезе, ќе пронајдат документи, ќе пронајдат опрема која што повеќе од две години ги слушала сите обвинители и судии. Потоа нема да знаат како да го излажат сопствениот народ, нема да знаат како да се исперат од овој скандал, па најпрвин ќе речат на 30 септември 2016 година започнавме до ден денешен, за другиот ден да им текне што кажале, ќе се вратат пак на прес конференција ќе речат од 2013 година е ова Христијан е виновен тогаш тој бил во кабинетот на тогашниот премиер, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-За бадијала се мачите, за бадијала се трудите и мене да ме испрљате и да го извалкате името на ВМРО-ДПМНЕ. Вие сте ловците на македонскиот народ, рече Мицкоски кој се обрати на протестниот марш и додаде:

„Како да веруваме дека има независно обвинителство кога ќе излезе министерот за внатрешни работи ќе каже материјалите се на безбедно, а каде се материјалите, кај него во фиока за да може да ги уценува обвинителите и судиите“.