Актуелно 07.03.2019 22:42

Мицкоски: Како го сочувале идентитетот кога сменија имиња на сите 136 институции?

Мицкоски: Како го сочувале идентитетот кога сменија имиња на сите 136 институции?

Лидерот на ВМРО-ДМПМЕ Христијан Мискоски, во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа запраша како СДСМ ги уверува граѓаните дека го зачувале идентитетот кога менуваат имиња на сите 136 институции.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кажа дека целата постапка околу името се водела егзибиционистички и дека решението кое го испорача Владата претставува се само не солидно решение кое што навистина ќе ги заштити интересите на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. Христијан Мискоски изјави дека како ќе одминува времето ќе се потврдува на се што укажувало ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски појасни дека пред овој договор во личната карта на Обединетите Нации стоеше јасно и гласно македонски народ, а не граѓани на Република Македонија преведен на шесте јазици и дека јазикот не беше со фуснота туку дека стоел запишан македонски.