Актуелно 01.11.2018 23:06

Мицкоски: Канческа во минатото дала придонес за партијата, но и ВМРО направило за неа, таа сега не разочара

Мицкоски: Канческа во минатото дала придонес за партијата, но и ВМРО направило за неа, таа сега не разочара

Не сум имал некогаш во минатото посебно изразени непосредни односи со поранешната министерка Елизабета Канческа Милеска и тие секогаш биле во рамките на чесен пристап, размена на неколку мислења, различни теми, ова вечерва во емисијата „Патот до“ го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Се разбира моето почитување секогаш било големо за она што таа го има направено и за ВМРО-ДПМНЕ, но и она што ВМРО-ДПМНЕ го направила за неа, мораме и тоа исто така да го кажеме, а тоа било потенцирано и од нејзина страна. Сме имале комуникација на ниво на пораки СМС и слично, каде што често пати знаела да ми даде комплименти за моите јавни настапи и за политиките кои што сум ги водел во минатото, така што ништо подлабоко, но ништо значајно во рамките на една пристојна комуникација која што сме ја имале како двајца сопартијци во минатото, потенцира Мицкоски.