-Сакате да монтирате случаи, повторно сакате сите да судат по принципот на „кацарска судството“, сакате сите да обвинуваат по примерот на „русковска обвинителството“? Едно да ви порачам. Не се тие двете толку храбри. Ќе дојде денот кога тие ќе ви го завртат грбот и кога истите тие ќе пропеат за сите нарачки и за сите уцени кои што им ги правите преку своите адвокати и тоа нема да ви го прости овој народ, потенцираше Мицкоски во својот говор пред насобраниот народ.