Актуелно 06.06.2018 11:29

Мицкоски: Кога Македонија е во прашање и иднината на нашата земја, нема страв и нема предавање! (ВИДЕО)

Мицкоски: Кога Македонија е во прашање и иднината на нашата земја, нема страв и нема предавање! (ВИДЕО)

Моќни пораки испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, во саботата, на масовниот протест кој се одржа во Скопје.

Пред околу 60.000 присутни граѓани, тој испрати порака дека ВМРО-ДПМНЕ не се плаши кога Македонија е во прашање.

-Ќе не заплашуваат, гонат и притискаат, ќе ни се закануваат и армадилата неверници ќе не критикуваат, мене и оваа генерација политичари во партијата, мои соработници и другари, но ќе им порачам нешто од овде, ако некој смета дека ќе се уплашиме, се лаже. Слушајте ме сега добри мои политички конкуренти од СДСМ. Не ви се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ не се плаши! Не се плаши кога Македонија е во прашање и иднината на нашата земја, нема страв и нема предавање! Затоа што ние одиме по патот на вистината, по патот на татковината, а кога си на таа страна тогаш си победник, порача Мицкоски пред сплотениот народ.