Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „ТОП Тема“ на Телма, вели дека има луѓе кои кои не веруваат во политките на оваа власт и тоа се луѓе кои имаат гнев насочен кон СДСМ и Зоран Заев и нивните политки како се води државата.
– Овие луѓе природно се револтирани, не веруваат на институциите што ги предводи СДСМ и Зоран Заев, тоа се луѓе кои имаа гнев насобрано во себе на начинот на кој што Зоран Заев ја води политиката, ја води државата и СДСМ во изминатава година ипол и не веруваат дека ова може да биде кредибилино референдумско изјаснување. Нормално е како резултат на тоа неверување на тие институции кои што ги предводи Зоран Заев и СДСМ, да го изразат сопственото мислење и став на начин на кој што ќе премолчат и апстинираат, рече Мицкоски.
Според Мицкоски, онаа група на луѓе кои оваа чесна и искрена идеја за апстинирање врз основа на сите овие принцпи се одлучиле да апстинираат. Мицкоски додава дека Заев не може да го разбере револтот на граѓаните, а од друга страна природно тој не не припаѓа во таа нивна средина.
Тој додава дека оваа група на луѓе некој сака да ја злоупотреби и да ги злоупотреби нивните чесни намери.