Актуелно 23.05.2018 20:59

Мицкоски: Македонија за жал во Европа е на врвот по дното на економијата и најголемата корупција

Мицкоски: Македонија за жал во Европа е на врвот по дното на економијата и најголемата корупција

Бидејќи имаме транспарентност, независност, желба сонот да стане јаве бидејќи гледам дека уште сонуваме, ајде да провериме заеднички кај јавниот обвинител кое 700 илјади евра извади и плати хектар и половина земја во Струмица на 29 декември 2014 година и да го видиме потеклото на тие пари, ова на вечерашниот ТВ дуел го потенцираше Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го прашува Заев како тоа лице за стан од 40 квадратни метри го префрлил правото на градење на две фирми кои се дел од семејството на Зави.

-Ајде да видиме како тоа лице успеа со тие 700 илјади евра да се задоволи со стан од 40 квадратни метри и да го префрли, ако ова за вас е пецкање, тогаш уште што треба да се случи во оваа држава за да немаме пецкање и да имаме реална работа. Штотуку слушнавме од поранешниот градоначалник на Струмица, а сега премиер на оваа држава дека тоа се случило во 2014 година, ајде да го провериме овој случај и да видиме како тој човек ги заработил овие пари и во ќеш да го плати тоа земјиште, вели Мицкоски.

Тој додава дека суштината не е тоа и дека денот по утрото се познава, суштината е што прават тие.

-Македонија на скалата на Транспаренси интернационал е падната за цели 17 места, ако ние навистина сме постигнале нешто во борбата против корупцијата и криминалот, ние немало да паднеме 17 места, напротив ќе сме се качеле за тие 17 места. Македонија е шампион во Европа, само во една работа, по дното на економијата и на врвот на корупцијата и тоа е реалноста. Затоа мора вашиот сон Заев да стане јаве, не заради друго, туку за оние генерации кои доаѓаат и оние генерации кои  иднината ја гледаат во оваа држава, истакна Мицкоски.