Актуелно 31.07.2018 17:01

Мицкоски на 2 август на традиционалната народна прослава во струшко Ташмаруништа

Мицкоски на 2 август на традиционалната народна прослава во струшко Ташмаруништа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ како што брифираат од партијата за Илинден ќе присуствува на традиционалниот народен собир во Ташмаруништа Струшко.

Таму традиционално ќе се одржи 70-та Културна манифестација Илинден со која се чествува верскиот и државен празник на 2 август.
Ташмаранушта и регионот имале активна улога во Илинденското востание.

Всушност и непосреден повод за почетокот на ова одбележување, и за самото основање на Културната Манифестација „ИЛИНДЕН“ се настаните кои се одиграле во овој регион, при што битката кај селото Ташмаруништа за време на Илинденското востание, во кое учествувале четите од с.Ложани и с.Драслајца, и кои се едни најзначајните операции.

Ова одбележување имаше цел толку да потсети на тие трагични моменти кога загинуваат речиси сите востаници, а селото Ташмаруништа е опожарено и опустено. Но таа слободарска илинденска традиција продолжува и по втората Светска војна, при што едни други поколенија борци конечно успеаја да го реализираат сонот на предците.

Инаку војвода на селската чета во Ташмаруништа на ВМРО, загинува на 4 август за време на Илинденското востание, заедно со својот брат Наум за време на стража со турската војска.

Одбележувањето на 2 август во Ташмаруништа ќе биде прославено со повеќедневни активности, каде најчесто се собираат граѓани од целиот струшко охридски регион, како и македонски иселеници.

Свое присуство најавил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, а висока партиска делегација ќе присуствува и на Мечкин Камен.