Во своето гостување на телевизија 21 во емисијата Клик Плус, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека после референдумот работите во Македонија нема магично да се подобрат, ниту Македонија ќе има помалку криминоген премиер, ниту граѓаните ќе бидат сведоци на помалку афери.
Според лидерот на опозицијата граѓаните на државата имаат реални проблеми, егзистенционални проблеми како да го преживеат месецот и тоа е суштината на целиот проблем.
-Се обидувам да ви кажам што е суштината. Луѓето имаа реални проблеми. Луѓето имаат проблеми да го преживеат месецот. Луѓето имаат егзистенционални проблеми. После 30-ти септември ќе дојде први октомври и повторно ние ќе ги имаме реалните проблеми. Тоа е суштината на целиот проблем, вели Мицкоски