Бев во посета на кичевската населба Ламели. Имаме тешко секојдневие, незнаење на власта и огромна неспособност. Имаме неправда на секој чекор, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
-Неправда е кога премиерот лажно ќе кажува дека е спасен идентитетот, а МАНУ која е еден од столбовите на државноста ќе го менува своето име, неправда е кога Заев ќе биде ослободен од поткуп, а недолжни граѓани ќе ги полнат затворите. Неправда е и кога власта ќе вети дека ќе има 500 евра просечна плата, а во реалноста има 500 илјади кои живеат во сиромаштија. Неправда е кога Заев ќе вети економија за сите, а во реалноста ги зголеми даноците. Неправда е и што илјадници млади луѓе ја напуштаат нашата земја, иако ветуваше иднина тука во земјата. Неправда е што ветуваа ефикасно здравство, а добивме здравство со кое умираат луѓе. Неправда се и криминалите, тарифите кои се испорачуваат во еден ресторан во источна Македонија како поткуп за тендери на власта, пишува Мицкоски и додава:
„Власта сака да не втурне во црно сценаријо на поделби, на неправди и прогон. Тоа нема да донесе иднина. Во овие моменти се обединуваме и само така можеме да ја смениме иднината, да се избориме за подобро утре, за сонот за Македонија, за спас на државата од сигурна пропаст. Затоа да се избориме за правда, и владеење на правото. Да се избориме за Македонија!“.