Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес е во посета на Општина Битола каде што оствари средба со жителите на населбата Јени Мале и битолско Оризари.
Мицкоски на средбата во Јени Мале посочи дека државата се наоѓа пред одлука за тоа каква Македонија сакаме и каква Македонија ќе ја оставиме на идните генерации. Тој вели дека претседателските избори не се само обичен избор туку избор од кој зависи судбината на државата, бидејќи работите во реалноста не се добри и не се такви какви што ветуваа од власта.
Победа на Претседателските избори ќе значи сигурни предвремени парламентарни избори на кој оваа власт ќе биде детронизирана. Да излеземе сите заедно и да го поразиме Заевизмот кој не влече на дното, а Заевизмот не е само губење на националното достоинство туку и криминалот кој го прават на дневна основа, потенцираше Мицкоски.
Денеска не постои бизнисмен кој што е задоволен од тоа што го работи. Затоа што најпрвин им ги качија даноците кои што ќе ги собираат за да договараат тендери во 4 очи. Тарифата се знае од 5 до 15% и местото на исплата се знае, еден ресторан во југоисточна Македонија. Ветуваа правда и правдина за секого. Викаа дека немало правда и немало мир, а донесоа преку 2 века казни, а од друга страна оние што е бореа за ИСИС добиваат по 6 години, истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека власта ветуваше подобро здравство и повисоки плати, а ни се случува егзодус на кадри кои си заминуваат од земјава, ветуваа квалитет о образовнието, а немаме универзитет ниту во првите 1000 во Светот.
На средбата со жителите од Битолско Оризари жителите се пожалија на игнорирањето од страна на власта. Не се исплаќа трудот на земјоделците, нема пласман, а субвенциите каснат. Единствено добро што оди во земјоделието се оранжериите и садниците со марихуана на власта и ништо повеќе .
Затоа ќе ги смениме работите, ќе донесеме правда, ќе се избориме за подобар живот за сите граѓани. Додека нема правда ќе нема мир. А нашата цел е да ја направиме државата подобра, и праведна, порача Мицкоски.
Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ